ПРВ.мк
Магазин

Дали сте спремни за новите промени и правила во супермаркетите, хотелите и кафулињата?

Дали сте спремни за новите промени и правила во супермаркетите, хотелите и кафулињата?
Kristal

Европската унија воведе нова уредба за амбалажа со која целосно се менува начинот на пакување и послужување на производите. Дел од мерките веќе важат, а од 1 јануари 2030 година стапуваат на сила и најстрогите забрани, со јасна цел – драстично намалување на отпадот и крај на еднократната пластика.

Во супермаркетите овошјето и зеленчукот ќе се продаваат без пластични садови, со хартиени кеси или торбички за повеќекратна употреба. Тенките проѕирни кеси речиси целосно ќе исчезнат, освен за хигиенски потреби. Пакетите со пијалаци повеќе нема да се обвиткуваат со пластична фолија, туку со картон или ќе се продаваат поединечно.

Кафулињата ќе преминат на порцелански шолји и стаклени чаши, а рестораните ќе користат дозери наместо мали пакувања со сосови и шеќер. И хотелите ќе се збогуваат со мини-шампоните, заменувајќи ги со поголеми садови или ѕидни дозери.

Новата ера на купување без пластика е веќе на прагот.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo