ПРВ.мк
Македонија

АРМ отвора врати за 300 нови војници – еве кога ќе биде објавен конкурсот!

АРМ отвора врати за 300 нови војници – еве кога ќе биде објавен конкурсот!
Kristal

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Огласот се очекува да биде објавен веднаш по добивањето на потребната документација од Министерството за финансии, со цел процесот да започне уште во пролетниот рок.

– Кога ќе пристигнат сите документи од финансиите, ќе ги објавиме конкурсите. Се надевам веќе напролет што повеќе луѓе да се пријават и да станат дел од Армијата – изјави Мисајловски.

Тој нагласи дека интересот за приклучување кон Армијата постои, а офицерскиот кадар и специјалните единици се на високо ниво на подготвеност. Според него, зголемувањето на буџетот за одбрана ќе овозможи и подобрување на условите и примањата на припадниците на Армијата.

Министерот потсети дека минатата година сите вработени во Министерството добиле 30 отсто зголемување на платите, додавајќи дека со секое зголемување на буџетот ќе се работи и на подобар статус на персоналот.

Дополнително, најавено е и решение за задржување на војниците кои ќе наполнат 45 години, со цел да продолжат да придонесуваат во системот на одбрана.

Со новите 300 позиции, Армијата добива значајно кадровско засилување, а заинтересираните наскоро ќе имаат можност официјално да се пријават.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo