ПРВ.мк
Црна Хроника

МВР со детали: Еве каде е пронајдено безживотното тело на Виктор Илиоски!

МВР со детали: Еве каде е пронајдено безживотното тело на Виктор Илиоски!
Kristal

На 16 февруари 2026 година, во 16:00 часот, во кругот на Градската општа болница-Прилеп, беше пронајдено безживотното тело на 40-годишниот Виктор Илиоски, јавуваат од Министерството за внатрешни работи.

Смртта била констатирана од Итната медицинска помош, а јавниот обвинител наредил обдукција. Министерството информира дека се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот.

Потрагата по Илиоски започна на 15 февруари, кога неговиот татко, Д.И. (69), пријавил во ОВР Прилеп дека син му се оддалечил од домот и од тогаш му се губела секаква трага. Семјството претходно упати јавен апел за помош.

Случајот предизвика големо внимание во јавноста, а повеќе информации ќе бидат достапни по завршувањето на истрагата и обдукцијата.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo