Седумдесет и осумгодишна жена од Крива Паланка го загубила животот додека била транспортирана со возило на Итната медицинска помош кон болница во Куманово.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 7 март 2026 година во 12:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во возило на Итната медицинска помош од Крива Паланка починала пациентката М.Т. (78) од Крива Паланка. Во моментот на настанот, возилото се наоѓало на локација викана „Света Петка“, во општина Старо Нагоричане, додека жената била пренесувана кон Општата болница во Куманово.
Од полицијата информираат дека медицинско лице ја констатирало смртта на жената. По добиени насоки од јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција со цел да се утврдат точните околности и причината за смртта.


















