Од полицијата велат дека увидот сè уште не е започнат, па не е познат точниот причинител на несреќата.
Осум туристи се полесно повредени во сообраќајна незгода што се случи во саботата во Националниот парк Плитвички езера, соопштија од канцеларијата на директорот на паркот.
„Последната приколка на популарното Плитвичко влакче се лизна од асфалтираниот пат и удри во дрво. Приколката и влакчето останаа на патот, но среќно е што повредите на патниците во последната приколка се полесни“, стои во соопштението.
Осумте туристи побарале лекарска помош, но повредите биле полесни и им биле санирани во амбулантата. Вработените во Националниот парк веднаш им пружиле помош и повикале итна помош и полиција.
„Увидот е во тек, а повеќе информации ќе бидат објавени подоцна. Жалиме поради овој непријатен настан и упатуваме порака до сите посетители дека сообраќајот и посетите во Националниот парк течат непречено“, соопштија од НП Плитвички езера.
Ask ChatGPT