ПРВ.мк
Црна Хроника

Тетовец уапсен поради проституција-еве ги деталите

Тетовец уапсен поради проституција-еве ги деталите
Escape

Два месецa посредувал при проституција на 23-годишна државјанка на Косово, сместена во неговиот мотел, притвор за тетовец

Црна хроникаДва месецa посредувал при проституција на 23-годишна државјанка на Косово, сместена во неговиот мотел, притвор за тетовецОбјавено пред 18 минути - 26 јули, 2025Од Макфакс

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 48-годишник осомничен за кривично дело – Посредување при вршење проституција од член 191 став 2 од Кривичниот законик.

„Осомничениот делото го вршел во неколку наврати во последните два месеци, обезбедувајќи клиенти за 23-годишна косовска државјанка сместена во неговиот мотел. Таа сексуалните услуги ги наплаќала, а поголемиот дел од заработката му го давала на осомничениот“, соопшти Обвинителството.

По предлог на јавниот обвинител на осомничениот му е определена мерка притвор, додека жртвата е сместена во транзитен центар за странци до завршување на постапката.

Mia Home Mavrovo