ПРВ.мк
Црна Хроника

Крвав напад во Орешани: Маж тепан со клешти додека не изгубил свест поради лубеници

Крвав напад во Орешани: Маж тепан со клешти додека не изгубил свест поради лубеници
Escape

Двајца мажи, на возраст 39 и 31 година, се осомничени за брутален напад врз човек од село Орешани, поради сомнеж дека украл лубеници од нивно поле. Според Основното јавно обвинителство во Скопје, против нив е отворена истрага за кривично дело насилство, а обвинителството бара и притвор.

Инцидентот се случил на 24 јули кога оштетениот со автомобил се движел од Петровец кон селото Таор. Осомничените го следеле со товарно возило и го пресреле во дворот на куќата на неговиот внук во Орешани. Тогаш, насилно го извлекле од автомобилот и започнале да го удираат со тупаници и шамари по главата и телото.

Еден од осомничените продолжил да го тепа жртвата со водоводџиски клешти додека оштетениот не изгубил свест. Како резултат на нападот, мажот добил тешки телесни повреди и е хоспитализиран во животозагрозувачка состојба на Клиниката за неврохирургија во Скопје.

Во нападот бил сведок и внукот на жртвата, што предизвикало чувство на страв и несигурност не само кај него, туку и кај пошироката јавност.

Заради сериозноста на случајот и ризикот од повторување на насилството или бегство, обвинителството предложи притвор за двајцата напаѓачи.

Mia Home Mavrovo