Во Темишвар, Романија, 35-годишен маж ја убил својата мајка на 8 март, јави романски „Њуз“.
По извршеното убиство, мажот се обидел да оштети повеќе автомобили паркирани пред зградата, но соседите го совладале и повикале полиција на бројот 112. Тој бил однесен на сослушување во полиција.
Според судски извори, 35-годишниот маж имал претходни психички проблеми и повеќепати бил хоспитализиран во специјализирани установи. Последниот пат бил отпуштен по барање на неговата мајка, која го потпишала неговото ослободување.


















