ПРВ.мк
Црна Хроника

Хаос на Олимписките игри: Кумановец прегази млади Исланѓани додека тренираа за трката!

Хаос на Олимписките игри: Кумановец прегази млади Исланѓани додека тренираа за трката!
Escape

Несреќа со сериозни последици ја потресе организацијата на Европските младински олимписки игри во Македонија. Кумановец со „фолксваген пасат“ вчера удрил во двајца малолетни велосипедисти од Исланд, кои тренирале за денешната велосипедска трка.

Инцидентот се случил во 12:09 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во атарот на село Зубовце. Според информациите од СВР Куманово, 42-годишниот возач Н.Б. од Куманово изгубил контрола и удрил во странските спортисти.

Двајцата велосипедисти се здобиле со телесни повреди и итно биле пренесени во општата болница во Куманово, каде им е укажана медицинска помош.

Случајот веднаш бил пријавен, а увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово. Настанот фрла сенка врз престижниот спортски настан кој привлекува млади таленти од цела Европа.

Организаторите и надлежните институции засега не соопштуваат дали и како ова ќе влијае врз одржувањето на понатамошните натпревари.

Mia Home Mavrovo