ПРВ.мк
Црна Хроника

Лихварска шема разоткриена: За долг од 2 700 евра, ова е сумата која што барала да и се врати!

Лихварска шема разоткриена: За долг од 2 700 евра, ова е сумата која што барала да и се врати!
Kristal

Полициски службеници од СВР Струмица на 26 февруари 2026 година околу 12 часот во Струмица ја лишиле од слобода Ј.Т. (53) од Струмица, поради сомнение за лихварство.

Според пријавеното, во јуни 2025 година таа му дала 2.700 евра на жител од струмичко село, а подоцна од него барала да ѝ врати дури 15.000 евра. Вчера оштетениот се сретнал со неа за да ѝ предаде 100 евра, сума која таа ја определила како месечна камата за основниот долг.

Во моментот кога ѝ ја дал однапред обележаната банкнота од 100 евра, Ј.Т. била приведена. При извршениот преглед кај неа биле пронајдени обележаната банкнота, тетратка и листови хартија со евиденција за дадени парични средства и износи што требало да ѝ бидат вратени како камата.

Подоцна, со судска наредба бил извршен претрес во нејзиниот дом, при што биле пронајдени и одземени пари во денари и евра, нотарски акти, како и дополнителни тетратки и белешки со податоци за позајмени суми. Според првичните сознанија, таа во повеќе наврати давала пари на лица кои требало да ѝ вратат значително повисоки износи, со што се стекнувала со противправна имотна корист.

Ј.Т. е задржана во Полициската станица во Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосното документирање, против неа ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo