Почетокот на моите 20-ти години не беше лесен – го започнав со операција на рамото по сообраќајна несреќа од 2024 година. По повеќе од година и пол мачење, конечно ми беше поставена точна дијагноза: хронична AC дијастаза во четвртиот стадиум, со скршени лигаменти кои ја држат клучната коска на место. Претходно, лекарите само тврдеа дека рамото ми е потечено.
Ова беше шеста операција што ја поминувам, а прашањето „Зошто мене?“ се појавуваше секојдневно. Сепак, со текот на времето сфатив нешто многу важно – сè додека јас сум тој кој страда, а не некој близок, треба да се чувствувам благодарен. Секој нов ден е шанса да се бориш и да продолжиш напред.
Бог најтешките битки им ги дава на најсилните борци, и мојата приказна е доказ за тоа. Таа не е без болка и искушенија – напротив, токму тие ја прават значајна. Секој предизвик и секоја пречка ме учат на трпение, упорност и вера.
Следува тежок период, но јас сум веќе чекорел по овој пат и знам дека ќе продолжам. Се молам на Бога сè да биде како што треба, а истовремено ја прифаќам и човечката страна – дека не секогаш сè ќе биде по мојот план. Сепак, со вера дека Божјите патеки се повисоки и поголеми од нашите, верувам дека сè ќе се среди.
Како и секогаш, така и сега: „Господе, нека биде волјата Твоја.“





















