18-годишник од тетовското село Палатица е приведен под сомнение дека стои зад серијата лажни дојави за бомби во повеќе училишта во Тетово.
Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, лицето било уапсено од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација со СВР Тетово.
Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле одземени електронски уреди. По направените проверки, утврдено е дека сите дојави биле лажни.
По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава во координација со јавен обвинител.


















