ПРВ.мк
Спорт

Македонија домаќин на Спортските игри за млади – се приклучуваме на големото балканско спортско семејство

Македонија домаќин на Спортските игри за млади – се приклучуваме на големото балканско спортско семејство
Kristal

За првпат во Македонија ќе се одржат Спортските игри за млади – регионален проект што ги обединува децата од целиот Балкан под покровителство на Министерството за спорт.

Со приклучувањето кон „Спортските игри за млади“, земјава станува дел од големото регионално спортско семејство, во кое веќе учествуваат Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина.

По тој повод, во Владата беше организиран прием од страна на премиерот Христијан Мицкоски за спортските федерации кои го поддржуваат овој значаен проект.

„Како претседател на Фудбалска федерација на Македонија, ми претставуваше чест што заедно со селекторот на А репрезентацијата ја претставувавме ФФМ и ја дадовме нашата поддршка. Верувам дека преку вакви иницијативи создаваме нови пријателства, градиме здрави навики и испраќаме силна порака дека спортот обединува. Децата се нашата иднина, а спортот е нивниот најубав пат кон успехот“, беше истакнато на настанот.

Проектот има за цел да ја поттикне младинската спортска култура, фер-плеј духот и регионалната соработка преку спортот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape