ПРВ.мк
Балкан

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН НАПАДНАТ НА АВТОПАТ ВО КОСОВО – Тројца го тепале, само еден е приведен

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН НАПАДНАТ НА АВТОПАТ ВО КОСОВО – Тројца го тепале, само еден е приведен

Македонски државјанин бил физички нападнат од три лица во раните утрински часови во саботата во местото Шкабај, на автопатот Приштина–Митровица.

Според косовската полиција, инцидентот се случил на 9 август 2025 година, околу 1:40 часот по полноќ, кога тројца осомничени косовски мажи физички ја нападнале жртвата. По нападот, жртвата добила медицинска помош.

По приведувањето и разговорот со осомничените, со одлука на обвинителот, едниот од нив бил задржан во притвор, а другите двајца биле пуштени на слобода по редовна постапка.

Полицијата започнала истрага за целосно откривање на околностите кои довеле до физичкиот напад, а случајот е класифициран како „напад“ и е дополнително процесуиран од страна на органите на правосудството.

Escape