За време на својот настап на турнејата „Up All Night: Live in 2025“ во хотелот „Кала ди Волпе“ на Сардинија, Џенифер Лопез имаше необична и неочекувана ситуација кога скакулец и се искачи на вратот додека пееше. И покрај тоа што инсектот ја скокоткаше, пејачката остана смирена и професионална, го отстрани со прстите и продолжи со настапот без да дозволи тоа да ѝ го одвлече вниманието.
Снимката од оваа непредвидена случка прво ја објави на своите фан-страници, а подоцна и на официјалните профили. Следачите беа воодушевени од нејзината смиреност и храброст, коментирајќи дека тие би се онесвестиле или врескале доколку им се случеше нешто слично.
Џенифер Лопез со ова покажа дека може да се справи со сите предизвици на сцената, дури и кога непоканети гости ѝ прават „друштво“.
ВИДЕО