ПРВ.мк
Сцена

Антониа Гиговска ја донесе Куба во Македонија со новиот летен хит „Специјалиста“

Антониа Гиговска ја донесе Куба во Македонија со новиот летен хит „Специјалиста“

Поп-пејачката Антониа Гиговска го претстави својот најнов летен сингл „Специјалиста“, придружен со атрактивно видео кое ја пренесува жешката атмосфера и духот на Куба. Во спотот се забележуваат енергични кубански ритми, шармантни момци, разиграни девојки и жива сцена која плени со боите и емоциите на карипските фестивали.

Песната раскажува за љубовта, болката од скршено срце и за тоа како и покрај сето тоа љубовта секогаш победува, што Антониа го потенцира со својата порака. Во видеото покрај Антониа се појавуваат и познати личности од јавниот живот како водителката Цеце Николова, која одлично се вклопи со својата страст кон латино танците, како и Колумбијката Карина Гонзалез, која живее во Неготино.

Спотот дополнително го збогатуваат и музичките моменти на Бока Конга, како и танците на моделите Павле Николовски и Виктор Илиевски кои танцуваат заедно со Антониа.

Музиката, текстот и аранжманот се дело на познатото музичко дуо Лазар и Магдалена Цветковски, а режијата е во рацете на Даниел Јовески. За стилскиот изглед на пејачката се погрижи нејзиниот пријател и долгогодишен шминкер, Даниел Николовски.

Овој проект е свежо освежување на македонската сцена со кубански мотиви и летна енергија која сигурно ќе го привлече вниманието на публиката.

Фото: Димитар Цацаноски/ cacanoskiphotography

Escape