ПРВ.мк
Свет

Турист се соочи лице в лице со мечка пред својот шатор – морничаво видео

Турист се соочи лице в лице со мечка пред својот шатор – морничаво видео

Видео што кружи на социјалните мрежи прикажува турист кој решил да го помине одморот во природа и поставил шатор. Но, изненадувањето било големо кога, откако ги отворил очите, пред него се појавила огромна мечка на само мала оддалеченост.

И покрај шокот, човекот успеал да остане смирен, ја вклучил камерата и сними како љубопитната мечка го набљудува. За среќа, мечката не покажала намера да му наштети, туку по некое време се оддалечила и исчезнала во шумата, оставајќи го туристот невредно.

Ова видео ги потсетува сите на важноста од внимателност и смиреност при средба со диви животни во природа.

Escape