ПРВ.мк
Балкан

Европа добива најголема фабрика за муниција: Бугарија ќе биде најголемиот профитабилен партнер!

Европа добива најголема фабрика за муниција: Бугарија ќе биде најголемиот профитабилен партнер!

Нова ера за европската одбрана се отвора со изградбата на најголемата фабрика за муниција во Европа, која до 2027 година ќе достигне годишен капацитет од неверојатни 350.000 артилериски гранати. Инвестицијата вредна половина милијарда евра веќе предизвикува голема возбуденост, а најголемиот бенефит ќе го има Бугарија, која ќе биде клучен дел од овој огромен проект.

Фабриката ќе се состои од два главни објекти — еден за производство на гранати од 155 мм и друг за нивно полнење, склопување и пакување, а се очекува да создаде повеќе од 500 нови работни места во регионот.

На свеченото отворање присуствуваа врвни личности како извршниот директор на „Рајнметал“ Армин Папергер, германскиот министер за финансии и вицеканцелар Ларс Клингбајл, министерот за одбрана Борис Писториус и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, што ја нагласува важноста на овој проект за европската безбедност.

„Рајнметал“ веќе има големо присуство во Европа, со фабрики во Шпанија, Унгарија и новиот комплекс во Литванија, а сега планира и големи заеднички проекти во Бугарија со инвестиции над 1 милијарда евра за производство на барут и артилериски гранати.

Оваа експанзија доаѓа во време кога Европа се стреми кон зајакнување на своите одбранбени капацитети по руската инвазија на Украина. Иако плановите за фабрика во Украина се привремено одложени, германската компанија ја продолжува мисијата за градење современи одбранбени капацитети ширум континентот.

Бугарија, како важен играч во овој процес, ќе има значајна улога во европската одбрана, со нови инвестиции и работни места кои ќе придонесат за економски развој и сигурност.

Escape