ПРВ.мк
Балкан

Еве до кога пациентите од Србија би можеле да ја примат руската вакцина против рак!

Еве до кога пациентите од Србија би можеле да ја примат руската вакцина против рак!
Kristal

Пациентите од Србија би можеле да ја добијат иновативната руска вакцина против онколошки заболувања, развиена врз основа на напредни mRNA технологии, веќе до крајот на 2026 година, доколку брзо се потпише договор меѓу министерствата за здравство на Русија и Србија, изјави Ненад Поповиќ, министер во Владата на Србија задолжен за меѓународна економска соработка.

За време на февруарскиот состанок со рускиот министер за здравство Михаил Мурашка, Поповиќ разговарал за примената на најсовремените руски терапии за онколошки пациенти. Според него, пациентите од Србија, заедно со оние од Русија, ќе бидат меѓу првите што ќе ја примат вакцината. Доколку во Русија првите апликации се извршат во мај, а договорот меѓу двете земји биде брзо финализиран, првите пациенти во Србија ќе можат да ја примат подготовката до крајот на годината.

Поповиќ, кој е и копретседател на Меѓувладиниот српско-руски комитет за трговско-економска и научно-техничка соработка, потенцира дека ова не се поединечни случаи на вакцинација, туку воспоставување системска медицинска соработка меѓу Русија и Србија во интерес на сите граѓани на Србија.

„Потребно е да се потпише договор за соработка помеѓу нашите земји, што е сложен процес со повеќе фази. Во првата половина на 2026 година, претставници на Министерството за здравство на Србија, владата и водечки медицински установи ќе ги посетат руските институти „П.А. Херцен“ и „Н.Ф. Гамалеј“ за да се запознаат со процесот на дијагностицирање, лекување и производство на персонализирани mRNA вакцини“, истакна Поповиќ за РИА Новости.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo