ПРВ.мк
Топ Вести

МВР објави важни информации за македонските граѓани - овие се препораките кои треба да ги примените!

МВР објави важни информации за македонските граѓани - овие се препораките кои треба да ги примените!
Kristal

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ) соопшти дека бројот на македонски државјани кои се наоѓаат во подрачја погодени од ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток бележи пораст. Сите македонски граѓани во ризичните региони се во постојан контакт со дипломатско-конзуларните претставништва, а Министерството презема подготовителни активности за нивна евентуална безбедна евакуација, доколку состојбата тоа го наложи.

Од МНРНТ апелираат до македонските граѓани строго да ги почитуваат упатствата на локалните безбедносни служби и да ги следат препораките за лична безбедност. Министерството исто така информира дека преку дежурниот телефон и дипломатско-конзуларните канцеларии во регионот граѓаните можат да добијат целосна поддршка, како и информации за тековната состојба и можните опции за евакуација.

Поради ескалацијата на ситуацијата, вчера во Министерството беше формиран кризен штаб кој работи 24 часа дневно. Главната задача на кризниот штаб е да обезбеди навремени информации, постојан контакт со македонските граѓани и координација со дипломатските мисии за нивна заштита и евентуална евакуација.

За асистенција, граѓаните можат да контактираат на следните бројки:

  • СОС дежурен телефон МНРНТ: 075/273-732
  • Амбасада на Република Северна Македонија во Доха: +974 50 173 111
  • Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби: +971 56 441 7532
  • Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546

Министерството нагласува дека безбедноста на македонските граѓани во регионот е приоритет и дека сите неопходни мерки за нивна заштита се веќе во тек. Граѓаните се повикуваат да останат смирени, да ги следат упатствата и да го користат контактот со дипломатските претставништва за сите потребни информации и помош.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo