Денеска, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја исплати дополнителната финансиска поддршка од 20% за носители на семејни земјоделски стопанства. Вкупниот износ на исплатените средства изнесува 30.302.543 денари, а помошта ја добија 243 корисници, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Министерството истакнува дека оваа мерка е дел од континуираните активности за поддршка на земјоделците и унапредување на развојот на земјоделското производство во земјата.

















