ПРВ.мк
Топ Вести

ЈАВНОСТА ВО ШОК: Уапсен легендарниот фудбалер - ова се деталите!

ЈАВНОСТА ВО ШОК: Уапсен легендарниот фудбалер - ова се деталите!
Kristal

Поранешниот англиски фудбалер Џои Бартон е приведен по инцидент кој се случил во близина на голф клубот „Хајтон и Прескот“ во Мерсисајд, Велика Британија. Според извештаите на британските медиуми, еден маж се здобил со повреди на лицето и ребрата и веднаш бил хоспитализиран.

Инцидентот се случил на 8 март околу 21 часот, на Денот на жената, а на местото на настанот интервенирала брзата помош и полицијата.

Полицијата потврди дека двајца мажи се уапсени, меѓу кои и 43-годишниот Џои Бартон, како и 50-годишник. Тие се осомничени за кривично дело „ранување според член 18“ од британскиот закон, што се однесува на намерно нанесување тешки телесни повреди.

– Осомничените се задржани во притвор и ќе бидат испрашувани од детективи. Истражната постапка е во тек – соопшти полицијата.

На местото на настанот биле присутни голем број полицајци, областа била затворена, а истражителите собрале изјави од сведоци и прегледале снимки од надзорните камери и „паметните“ ѕвончиња на вратите во близина.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo