ПРВ.мк
Топ Вести

ЗДРАВСТВЕН АЛАРМ НА БАЛКАНОТ: Брзо се шири шугата во училишта и градинки - ова е бројот на деца кои што се заразени!

ЗДРАВСТВЕН АЛАРМ НА БАЛКАНОТ: Брзо се шири шугата во училишта и градинки - ова е бројот на деца кои што се заразени!
Kristal

Оваа година во Србија се пријавени нови случаи на шуга, болест која долг период се сметаше речиси искоренета. Според порталот Нова.рс, заразата е потврдена во неколку основни и средни училишта во Белград, како и во градинка и дом за ученици, а подоцна случаи се регистрирани и кај работници во Крагуевац. Поради загриженост од ширење на инфекцијата, некои граѓани избегнуваат користење на јавниот превоз.

– „Луѓето имаат тенденција да ги обвинуваат другите за своите проблеми, па некои го вперија прстот кон азиските работници во Крагуевац. Но, инфекцијата може да се појави кај секого. Многу луѓе живеат во тешка сиромаштија и лоши услови, без соодветна хигиена, поради што појавата на шуга не изненадува“, изјави инфектологот д-р Лејла Ќераниќ за Нова.рс.

Надлежните институции тврдат дека ситуацијата е под контрола и дека поединечни случаи на шуга се регистрирале и претходно, дури и пред доаѓањето на странските работници.

Шугата е заразна болест на кожата предизвикана од паразит. Најчесто се шири преку директен контакт со заразено лице, но и преку облека, постелнина или други предмети. Најчестите симптоми се интензивно чешање и исипување што наликува на мали мозолчиња.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo