ПРВ.мк
Топ Вести

ПРИРОДНА КАТАСТРОФА: Лавина одзеде човечки животи и повреди повеќе лица - еве по колку се трага!

ПРИРОДНА КАТАСТРОФА: Лавина одзеде човечки животи и повреди повеќе лица - еве по колку се трага!
Kristal

Две лица го загубија животот, а петмина се повредени, од кои тројца потешко, во лавина што се случи во долината Ридана во италијанската покраина Јужен Тирол, соопшти Центарот за итни случаи во Болцано, пренесува италијанската агенција ANSA.

Лавината се случила во 11:40 часот на надморска височина од 2.445 метри, погодувајќи вкупно 25 скијачи кои во тој момент биле на патеката.

На терен веднаш интервенирале спасувачки единици со хеликоптер, додека локалните пожарникари се приклучиле во потрагата.

За потсетување, на 12 март Јужен Тирол ја одбележа 10-годишнината од лавината Монте Невосо над Рива ди Турес, најтешката планинска катастрофа во регионот во последните децении, во која загинаа шест лица.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo