ПРВ.мк
Црна Хроника

ПРАВДАТА СТИГНА ПО 30 ГОДИНИ: Босанец уапсен во Америка - еве за што е обвинет!

ПРАВДАТА СТИГНА ПО 30 ГОДИНИ: Босанец уапсен во Америка - еве за што е обвинет!
Kristal

Алукиќ е обвинет во Босна и Херцеговина уште во 2010 година за извршување два одделни напади во село кај Приедор, во кои загинале двајца луѓе. Во првиот напад, тој заедно со други војници пукале кон автомобил во движење, го убиле возачот и го запалиле возилото. Вториот напад бил извршен во куќа, каде што Алукиќ и неговата единица го повикале домаќинот да излезе, по што го убиле на куќниот праг. Пукале и кон сопругата и ќерката на жртвата, но тие успеале да побегнат.

Поранешен сосед на Алукиќ од гратчето Вилмер, каде живеел со семејството, изјавил дека бил изненаден од веста. „Тоа навистина ме остава без зборови, никогаш не би помислил на тоа, навистина е неверојатно“, рече соседот.

Документите покажуваат дека Алукиќ бил уапсен во Мобајл во средата. Според сосетот, тој водел мирен живот во Вилмер, имал кучиња и кокошки, а семејството продавало јајца во Волмарт. „Секогаш беа фини. Сум бил кај нив неколку пати додека растев. Беа вистински странци. Не зборуваа баш најдобро англиски — барем таткото и мајката“, изјави соседот.

Босна и Херцеговина ќе побара Алукиќ да биде испорачан во матичната држава за да му се суди за злосторства против цивилно население.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo