Полициски службеници и пожарникари денеска го пребаруваат теренот покрај кејот на Зрновска река, во кочанското село Зрновци, на местото викано „Ѓошевски орев“, каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање, јави МИА.
Жената сè уште не е идентификувана, а причините за нејзината смрт се непознати. Телото ќе биде предадено на обдукција, информираа од полицијата и од Јавното обвинителство за основни работи Кочани (ЈОРСМ).
Министерството за внатрешни работи соопшти дека пријавата во СВР Штип е добиена околу 10:40 часот, а јавниот обвинител веќе врши увид на местото каде е пронајдено телото. Се преземаат сите мерки за расчистување на случајот.


















