ПРВ.мк
Топ Вести

Нова ера во македонскиот фудбал: ФФМ ќе има последен збор за клубовите - ова се новите правила!

Нова ера во македонскиот фудбал: ФФМ ќе има последен збор за клубовите - ова се новите правила!
Kristal

По низа скандали со македонските фудбалски клубови, особено околу странските инвеститори кои во последните години преземаа прволигаши, како и по информациите за можни местени натпревари, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најави решителна борба со овие проблеми, за кои редовно пристигнуваат дописи и од ФИФА и од УЕФА.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, објасни дека на следната седница на Управниот одбор ќе биде предложено Федерацијата да дава мислење за секое лице или компанија која сака да преземе домашен клуб.

„ФФМ не е истражен или судски орган, но ќе предложиме одлука со која федерацијата ќе може да дава мислење за нови сопственици или инвеститори на клубовите. Ова е практика во многу европски земји, каде федерациите направиле интервјуа со потенцијалните инвеститори и дале своја оценка која се почитува. Сакаме да го заштитиме фудбалот од луѓе кои единствено сакаат да го злоупотребат клубот за лична корист. Вистински пример е клубот Шкупи, кој по управувањето на еден газда, падна во понизок ранг“, изјави Омерагиќ.

Тој се осврна и на сомнителните натпревари кои беа предмет на дописи од УЕФА, нагласувајќи дека иако не се обвинувања, тие се доволно сериозен сигнал за постапување. „Имаше информации и за уплати и добивки кои оделе кај лица блиски до челниците на клубот Башкими. Сега ќе одиме до крај – без калкулации и без компромиси. Сите истраги ќе бидат почитувани, а ќе има конкретни одлуки. Тие кои мислат дека ќе не поколебаат со притисоци, се во заблуда. Времето на неказнивост заврши. Ова е борба за чист фудбал“, истакна Омерагиќ.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo