На 20 февруари 2026 година во 16:00 часот, во СВР Охрид, 48-годишниот Т.А., со живеалиште во село во општина Дебрца, пријавил кривично дело „Насилство врз дете“, кое според наводите било сторено од наставник во основно училиште во селото.
Информацијата ја соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој посочи дека случајот е пријавен и дека институциите постапуваат согласно законските процедури.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство. Истрагата треба да утврди што точно се случило, како и евентуална кривична одговорност.

















