ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) ЗАПОЧНА НОВА ВОЈНА: Силни воздушни напади - тензијата се зголемува секоја минута!

(ВИДЕО) ЗАПОЧНА НОВА ВОЈНА: Силни воздушни напади - тензијата се зголемува секоја минута!
Kristal

Ситуацијата меѓу Пакистан и Авганистан нагло се влоши откако пакистанските сили извршија воздушни напади врз неколку локации, вклучувајќи го главниот град Кабул и Кандахар. Едно од погодените подрачја е и провинцијата Пактика, долж планинската граница што ги дели двете земји.

Раните утрински часови во Кабул беа обележани со силни детонации и прелети на борбени авиони, што е кулминација на месеци тензии и чести гранични инциденти.

Министерот за одбрана на Пакистан, Хаваџа М. Асиф, преку социјалната мрежа X истакна дека сите дипломатски обиди за решавање на кризата се исцрпени и дека трпението на неговата земја го достигнало својот крај. Премиерот Шехбаз Шариф порача дека вооружените сили имаат целосна поддршка од државата и се подготвени да одговорат на секоја закана.

Нападите следуваат по наводниот инцидент на границата во кој, како што тврди Исламабад, двајца пакистански војници загинале, а тројца биле повредени при, како што се наведува, неиспровоцирани акции од страна на авганистанските талибанци. Од своја страна, талибанските власти најавија одмазднички операции, но таа порака набрзо беше отстранета. Воениот претставник на талибанците изјави дека нема да започнат конфликти, но ќе одговорат на можни напади.

Според локалните власти во покраината Нангархар, пакистански ракети погодиле бегалски камп каде се сместени повратници од Пакистан, при што се ранети најмалку девет лица, меѓу кои седум жени и двајца мажи.

Воените аналитичари предупредуваат дека класична војна со нуклеарно вооружениот Пакистан е малку веројатна, па се очекува да продолжат асиметрични форми на борба, како герилски напади и импровизирани експлозивни направи.

И двете страни даваат спротивставени тврдења за загубите: Пакистан тврди дека уништил десетици позиции на талибанците и убил повеќе од 130 борци, додека талибанците тврдат дека зазеле пакистански бази и убиле голем број војници. Овие информации сè уште не можат да се потврдат независно.

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, повика на итно смирување на ситуацијата и почитување на меѓународното право. Иран понуди посредување, додека министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија и Пакистан одржаа итни консултации.

Поранешниот американски пратеник во Авганистан, Залмај Калилзад, предупреди дека ситуацијата создава опасна динамика и бара итен дипломатски договор, надгледуван од трета страна, како што е Турција.

ВИДЕО

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo