ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Војна на улиците на Лимож: Маскирани напаѓачи со бомби ја нападнаа полицијата

(ВИДЕО) Војна на улиците на Лимож: Маскирани напаѓачи со бомби ја нападнаа полицијата
Escape

Во текот на синоќешните немири во францускиот град Лимож, населбата Вал де л’Оранс се претвори во бојно поле откако група од 50 до 100 маскирани и вооружени лица ја нападна полицијата, која беше пратена да интервенира по запалување на украдено возило.

Нападот бил однапред организиран, а траел речиси три часа, при што напаѓачите користеле гранати, камења и молотови коктели. Според францускиот весник Фигаро, повредени се најмалку 10 полицајци, од кои некои се пожалиле на тинитус – последица од експлозиите што одекнувале во нивните шлемови.

Бунтовниците поставиле барикади на главниот пат RN 141, оштетиле повеќе возила и предизвикале целосен хаос во градот. Полицијата, немоќна да се справи сама, повикала засилување од жандармеријата и градската полиција.

За време на судирот, безбедносните сили употребиле 241 проектили, вклучувајќи солзавец и шок-гранати, за да ги разбијат барикадите и толпата. Конфликтот траел сè до четири часот изутрина, кога конечно било воспоставено делумно спокојство.

Градоначалникот на Лимож, Емил Роже Ломбертие, јавно го осуди насилството и истакна:

„Ова беше организирана урбана герилска војна. Границите се преминати, нема веќе никакви ограничувања.“

Утрово, Ломбертие остварил разговор со министерот за внатрешни работи Бруно Рејти, при што изразил благодарност до полициските сили за нивната пожртвуваност во заштита на населението.

Канцеларијата на локалниот обвинител веќе отвори истрага за учество во вооружен собир и насилство врз службени лица.

Овој брутален инцидент доаѓа само неколку дена по серијата слични немири што избија на 14 јули, за време на францускиот национален празник, кога истата населба беше сцена на слични нереди. Како резултат, Министерството веќе имаше распореденo дополнителни полициски сили, но очигледно тоа не било доволно за да се спречи нова ескалација.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo