Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта биле неутрализирани вкупно 35 украински дронови, при што дел од нив биле соборени дури и над областа на Москва. Авио-дроновите извршиле масовен напад врз повеќе региони, предизвикувајќи сериозна тревога и пожари.
Најголем број од беспилотните летала биле соборени над Брјанска област – вкупно девет, додека во Ростовскиот регион се пресретнати седум дронови. Во Калушка се соборени шест, а по три во Самара, Тула и Московскиот регион.
Особено драматична ситуација се случила во Самара каде што украинските дронови се обиделе да погодат индустриско претпријатие, но биле пресретнати на време. Во Белгородскиот регион се соборени два дрона, додека по еден бил уништен над Курскиот регион и над Црното Море.
Во Ростов, паѓањето на остатоци од дронови предизвикало запалување на трева и пожари во дворовите на неколку приватни куќи во селото Красни Сад, но властите потврдуваат дека пожарите биле брзо изгаснати.
Ова е еден од најмасовните украински дронски напади досега, што според аналитичарите покажува нова стратегија на украинската армија во длабочински напади врз територијата на Русија.