ПРВ.мк
Македонија

Ново лице на Големо Езеро на Пелистер: Се поставуваат клупи и маси – планинарите добиваат уреден простор за одмор!

Ново лице на Големо Езеро на Пелистер: Се поставуваат клупи и маси – планинарите добиваат уреден простор за одмор!
Escape

Националниот парк Пелистер започна со уредување на просторот околу едно од своите највредни природни богатства – Големо Езеро, кое се наоѓа на висина од 2218 метри надморска височина, веднаш до познатиот планинарски дом „Димитар Илиевски – Мурато“.

Денес, екипите од ЈУ НП Пелистер интензивно поставуваат нови клупи и маси, со цел посетителите да добијат уреден простор за одмор, релаксација и уживање во планинскиот амбиент. Материјалот и потребната опрема беа транспортирани со специјализирани возила на паркот, а активностите ќе продолжат и утре, најавуваат од управата на паркот.

„Големо Езеро е вистински бисер на Пелистер – идеално место за сите љубители на природата, кои викендите сакаат да ги поминат во тишина и свеж планински воздух, далеку од летните горештини“, велат од НП Пелистер.

📌 ВАЖНО: Иако уредувањето е во тек, забраната за движење во шумите сè уште е активна, поради зголемен ризик од пожари. Сите посетители кои сакаат да се движат во шумските подрачја мораат да обезбедат дозвола – тоа може да се направи:

  • Во седиштето на НП Пелистер
  • Во Инфоцентарот
  • Или по електронски пат – преку официјалната Facebook страница или веб-страницата на паркот

🚯 Исто така, од НП Пелистер потсетуваат:

„Вашиот ранец е единственото место за отпад на планина. Чувајте ја природата чиста и не оставајте траги зад себе.“

🛑 За секое несовесно или опасно однесување, граѓаните се повикуваат веднаш да пријават на еден од следните броеви: 📞 070/281-300 📞 071/235-972 📞 075/237-267 📞 072/312-215

Mia Home Mavrovo