На 21 јули 2025 година, во 18:50 часот, во Прилеп се случи тешка сообраќајна несреќа кога 19-годишната Е.И., управувајќи патничко возило „опел“ со прилепски регистарски таблички, удри во 81-годишниот пешак М.Ѓ.
Пешакот доби тешки телесни повреди и веднаш беше пренесен и згрижен во Градската болница во Прилеп. На местото на несреќата увид изврши екипа од ОВР Прилеп, а случајот се расчистува.