ПРВ.мк
Балкан

Почина човек на плажа, телото остана два часа под чадор меѓу стотици туристи!

Почина човек на плажа, телото остана два часа под чадор меѓу стотици туристи!
Escape

На плажата во Промајна, близу Башка Вода во Хрватска, во понеделникот се случи трагедија која остави длабок впечаток кај сите присутни. Во среде туристичката сезона и на преполна плажа, маж го загуби животот, а телото му остана изложено под чадор дури два часа – пред очите на шокирани луѓе.

Сведок на настанот, турист од Тузла, кој со своето семејство бил на истата плажа, за босанскиот портал Фокус раскажа дека мажот, кој подоцна се дознало дека е од Мостар, се удавил додека пливал во морето. Според неговите зборови, првично никој не забележал што точно се случува.

„Го извадија од морето, но беше предоцна. Брзата помош пристигна, докторите се обидуваа да го реанимираат речиси еден час, но не успеаја. Кога констатираа смрт, едноставно го оставија телото под еден чадор и си заминаа“, раскажува сведокот.

Најшокантно за сите присутни било тоа што телото останало лежи на сонце, покриено само со крпа и оставено под чадорот, буквално во средината на плажата. Без роднини, без полиција што активно обезбедува, без никакво објаснување.

„Никој не знаеше кој е. Луѓето беа згрозени. Само лежеше таму – пред сите, како да не е човек. Беше ужасно“, додава очевидецот.

Ситуацијата станала уште понереална кога по некое време една жена дошла да си го побара чадорот, под кој лежело телото. Полицијата ѝ го вратила чадорот, а телото продолжило да лежи отворено, без никаква заштита од погледите на стотици туристи.

Дури подоцна, кон вечерта, се појавила сопругата на починатиот, која започнала да го бара бидејќи не се вратил дома. Така дознала за трагедијата. Се потврдило дека мажот бил од Мостар и дека престојувал во близина како турист.

„Цели два часа телото остана таму. Дури потоа дојдоа погребни служби, го ставија во ковчег и го однесоа, додека целата плажа молчеше – небаре беа сведоци на сцена од филм“, вели сведокот.

Оние што биле таму велат дека тоа било трауматично искуство, нешто што никој не очекува да го доживее додека е на одмор.

„Да, смртта е дел од животот – но вака? Да го остават така, среде плажа, без никакво почитување… беше навистина надреално“, завршува сведокот.

Mia Home Mavrovo