ПРВ.мк
Свет

Трамп со смртоносна сила кон Иран!

Трамп со смртоносна сила кон Иран!
Kristal

Претседателот Доналд Трамп е подготвен да употреби смртоносна сила на американската војска ако ситуацијата тоа го бара, изјави денеска неговата портпаролка, додека државниот секретар се подготвува да ги информира врвните конгресни лидери за ситуацијата со Иран подоцна во текот на денот.

„Првата опција на претседателот Трамп секогаш е дипломатија. Но, како што покажа, тој е подготвен да ја употреби смртоносната сила ако е потребно“, изјави Каролин Ливит пред новинарите во Белата куќа. „Претседателот секогаш го носи конечниот одлучувачки збор“, додаде таа.

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, подоцна денеска треба да ги информира врвните конгресни лидери, познати како „Бандата на осуммината“, во Белата куќа, соопшти американското Министерство за надворешни работи.

Се очекува Рубио да им даде информации на пратениците за состојбата со Иран, изјави извор запознаен со прашањето.

САД распоредија голема поморска сила во близина на брегот на Иран поради можни закани кон Исламската Република. Трамп пред пет дена изјави дека му дава на Техеран 10 до 15 дена да постигне договор.

Вечерва, во својот говор за состојбата на нацијата, Трамп може да се осврне и на можноста за напад врз Иран поради неговата нуклеарна програма.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo