Паркирањето секогаш било еден од најголемите градски проблеми, но Виена покажува дека може да се реши на начин што придонесува и за климата, и за жителите.
Додека во Лос Анџелес жителите годишно губат повеќе од 80 часа барајќи слободно место, а европските градови се тесни и преполни со автомобили, Виена тргна по сосема поинаков пат. Наместо да гради нови паркинзи, градот ги отстранува постоечките, со цел да го разбијат асфалтот, да го намалат летното топлотно зрачење и да поттикнат користење на јавен превоз, велосипеди и пешачење.
Веќе се спроведуваат над 350 проекти за трансформација на асфалтот во зелени и јавни простори. Дури и централниот плоштад Noer Markt, некогаш преполн со автомобили, сега е пешачка зона со дрвја, клупи и места за релаксација на жителите и туристите.
Овој пристап не само што ја подобрува естетиката на градот, туку и го прави животот во градот поздрав и поодржлив. Виена покажува дека намалувањето на паркинг-местата може да биде шанса за создавање урбани средини кои го почитуваат човекот, природата и климата.
















