ПРВ.мк
Свет

АЛАРМ: Морбилите експлодираат во училишта – премиерот со итен апел до родителите!

АЛАРМ: Морбилите експлодираат во училишта – премиерот со итен апел до родителите!
Kristal

Бран на морбили ги погоди училиштата во северен Лондон, а властите предупредуваат дека ситуацијата станува сериозна. Премиерот Keir Starmer јавно ги повика родителите да проверат дали нивните деца се целосно вакцинирани, истакнувајќи дека јавното здравје не смее да се претвори во „културолошка битка“.

Во општината Enfield, од почетокот на годината до 9 февруари се регистрирани 34 случаи – повеќе од една третина од вкупно 96 случаи потврдени во цела Англија. Според информациите објавени од Sky News, вирусот е детектиран во најмалку седум училишта во Енфилд и соседниот Haringey.

Податоците од локалните здравствени служби покажуваат дека едно од пет заболени деца завршило во болница – и сите тие не биле целосно имунизирани.

Стармер нагласи дека вакцините се безбедни, ефикасни и спасуваат животи, додавајќи дека лидерите мора цврсто да застанат зад науката наместо да поттикнуваат дезинформации. Според него, станува збор за заштита на децата и безбедноста на заедницата, а не за идеолошка расправа.

Здравствените работници предупредуваат дека вирусот продолжува да се шири и апелираат на итна реакција за спречување на нови случаи.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo