Унгарскиот премиер Виктор Орбан повторно ги вознемири европските кругови со изјава која оди спротивно од западната реторика за исходот на војната во Украина. Според него, верувањето дека Украина може да ја победи Русија е целосна заблуда.
– „Помислата дека Украина може да ја победи Русија и да предизвика нејзина дестабилизација отсекогаш била илузија“, напиша Орбан на социјалната мрежа X, поранешен Твитер.
Тој потенцира дека Киев нема предност ниту во човечка сила, ниту во вооружување кога се соочува со нуклеарна суперсила како Русија. Според него, шансите за воена победа се никакви, а продолжувањето на војната само ја продлабочува кризата.
Истовремено, западните медиуми алармираат дека НАТО е немоќен да спречи можен пораз на Украина, дури и ако сите сојузници се вклучат со логистичка и воена поддршка. Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД и ЕУ постигнале договор според кој Европа ќе ги покрие трошоците за нови испораки на американско оружје во Украина. Меѓу најавените се и системи за воздушна одбрана „Патриот“.
И покрај ова, некои европски земји како Франција, Италија, Чешка и дури и Унгарија – земјата на Орбан – одбиле да учествуваат во новата иницијатива. Германија пак, е под сериозен американски притисок да ги удвои набавките на вакви системи.
Изјавата на Орбан доаѓа во период кога се зголемуваат тензиите и заморот од војната, а сè повеќе гласови низ Европа повикуваат на прекин на непријателствата и дипломатски решенија.
Ask ChatGPT