ПРВ.мк
Свет

Македонија во тага: ненадејно згасна животот на познат музичар во странство

Македонија во тага: ненадејно згасна животот на познат музичар во странство

Македонската музичка сцена остана без уште едно препознатливо име, откако во Виена ненадејно почина музичарот Мустафа Сејфулов, на 48-годишна возраст. Веста беше објавена денеска и брзо предизвика бројни реакции и проштални пораки на социјалните мрежи.

Мустафа Сејфулов е роден на 26 јануари 1978 година во Кавадарци и потекнува од семејство длабоко поврзано со музиката. Неговиот дедо Муто Сејфулов бил познат свирач и кларинетист, татко му Рамадан Сејфулов исто така бил музичар, а и неговиот брат Веби Сејфулов се занимава со музика.

Во текот на својата кариера, Сејфулов беше дел од групата „Кавадарка“, каде во 90-тите настапувал како тапанар, а подоцна и како пејач во обновената постава на бендот во 2000-тите години. Освен тоа, соработувал со повеќе познати македонски пејачи и музички состави.

Како негова последна снимена песна се посочува „Големи маки тегневме“, реализирана заедно со Фазли Сејфулов и Александар Ѓорчевиќ.

Веста за неговата смрт ја споделија негови блиски, роднини и пријатели, кои со емотивни објави се простуваат од него.

Најнови вести