ПРВ.мк
Свет

Командантот на НАТО за Европа предупредува на судбоносен судир со Русија и Кина!

Командантот на НАТО за Европа предупредува на судбоносен судир со Русија и Кина!
Escape

Командантот на НАТО за Европа, во алармантна изјава, истакна дека постои реална можност Русија и Кина да покренат координиран воен напад веќе во 2027 година. Според него, кинескиот лидер Си Џинпинг пред евентуална воена акција против Тајван би можел да се консултира со рускиот претседател Владимир Путин, што значи дека двата конфликти може да се случат истовремено.

Ова предупредување беше изнесено за време на конференцијата за одбрана во Висбаден, Германија, каде што се наоѓа Командата на НАТО за безбедносна помош и обука на украинските вооружени сили.

Командантот нагласи дека 2027 година би можела да биде “потенцијално критична година” и дека НАТО ќе треба да обезбеди секое можна оружје, опрема и муниција за да биде подготвен за оваа можност.

Германскиот весник „Билд“ исто така открива дека во владините кругови во Берлин расте загриженоста дека Русија може да изврши напад врз некоја од помалите земји членки на НАТО, особено затоа што се очекува НАТО да не биде целосно подготвен за сериозен одбранбен одговор до 2029 година.

Некои министри во владата на канцеларот Фридрих Мерц веруваат дека руска воена провокација може да се случи токму во 2027 година, што дополнително ја зголемува тензијата во регионот и светот.

Mia Home Mavrovo