ПРВ.мк
Свет

Ким Џонг Ун набљудуваше лансирање што повторно ја крена тензијата во регионот

Ким Џонг Ун набљудуваше лансирање што повторно ја крена тензијата во регионот

Северна Кореја повторно го сврте вниманието кон своите воени капацитети, откако државната агенција KCNA објави дека биле тестирани стратешки крстосувачки и противбродски ракети во рамки на проверка на борбената подготвеност на разурнувачот „Чое Хјон“. Според извештаите, пробното лансирање било извршено во неделата, а тестот бил насочен кон оценка на оперативната ефикасност на воениот брод.

Според KCNA, при тестирањето биле истрелани две стратешки крстосувачки и три противбродски ракети. Севернокорејските власти тврдат дека со ова се проверувал интегрираниот систем за управување со вооружувањето, постапките за лансирање и отпорноста на навигациските системи на пречки.

На лансирањето присуствувал и лидерот Ким Џонг Ун, заедно со високи претставници од одбраната и команданти на морнарицата. Неговото појавување на вакви тестови се толкува како јасен сигнал дека Пјонгјанг продолжува со демонстрација на воена моќ и модернизација на морнаричките сили.

Ова е уште еден во низата потези со кои Северна Кореја ги истакнува своите воени способности во период на чувствителни регионални тензии. Новиот разурнувач „Чое Хјон“ веќе извесно време е во фокусот на тамошната пропаганда, а ваквите тестирања се користат и за внатрешна и за надворешна демонстрација на сила.