ПРВ.мк
Свет

Ново правило во Франција: Децата под полициски час поради улично насилство!

Ново правило во Франција: Децата под полициски час поради улично насилство!
Escape

Во сè повеќе француски градови се воведува полициски час за деца поради ескалација на насилството поврзано со нарко-картелите. Последен што се приклучи на оваа практика е градот Ним, каде децата под 16 години не смеат да се движат по улици од 21:00 до 06:00 часот.

Одлуката следува по серија вооружени инциденти, вклучително и убиство на 19-годишен млад човек и претходно убиство на 10-годишно дете. Градоначалникот на Ним ја опиша ситуацијата како „неодржлива“, додавајќи дека дилерите шират „клима на страв и терор“.

Мерката не е изолирана – градови како Безие и Лимож веќе имаат слични забрани, но дури и таму насилството не стивнува. Локалните власти се обидуваат да ги заштитат децата, особено оние кои се злоупотребуваат од нарко-клановите уште на 12–13 години.

И покрај воведените полициски часови, во некои места насилството ескалира: младинци напаѓаат полиција со огномети, а масовни пресметки се прелеваат низ улиците.

Француската влада реагира со изградба на нови затвори, засилена истрага и изолирање на најопасните дилери. Според податоци од 2024 година, во насилства поврзани со дрога биле убиени 110 лица, а ранети над 300.

Оваа ситуација открива дека проблемот одамна излегол од границите на Марсеј и станува национален безбедносен предизвик.

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape