Драматична сцена се одвивала во воден парк во Јерисос, на грчкиот полуостров Халкидики, каде шестгодишно момче од Србија ја повредило ногата по пад.
Инцидентот, според информациите објавени од српските медиуми, се случил додека детето било во еден од базените или атракциите во паркот, по што му била укажана прва помош на лице место, а потоа било итно пренесено со амбулантно возило во болница во Солун.
Нема официјални детали за степенот на повредата, но медицинските служби реагирале навремено.
Во меѓувреме, локалната крајбрежна стража во Јерисос започна истрага за да се утврдат точните причини за несреќата. Не е јасно дали се работи за пропуст во безбедносните мерки на водениот парк или за човечка грешка.
Грчките власти најавија дека ќе ги разгледаат сите околности, а јавноста бара одговори – особено затоа што се работи за дете и за место што треба да биде максимално безбедно.