ПРВ.мк
Македонија

(Видео) „Уникатно искуство“: Спортистка објави снимка – ѝ паднала плоча од плафонот во бањата за време на престој во Македонија!

(Видео) „Уникатно искуство“: Спортистка објави снимка – ѝ паднала плоча од плафонот во бањата за време на престој во Македонија!
Escape

Млада спортистка од Шпанија, која престојува во Македонија како дел од Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF), сподели видео на TikTok што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Таа објави снимка од сместувањето каде што е престојувала, на која се гледа како голем дел од плоча од спуштениот плафон во бањата паднал, оставајќи видлива дупка на таванот.

„Не поминаа ни 72 часа, а веќе падна покривот во бањата“, напиша спортистката во описот на видеото, додавајќи и ироничен коментар: „Уникатно искуство“. Снимката брзо се прошири и предизвика реакции, особено во контекст на тоа што Македонија е домаќин на голем европски спортски настан со учество на илјадници млади спортисти.

Во објавата не е прецизирано дали настанот се случил во Скопје или на друга локација каде се сместени делегациите, но се насетува разочарување од условите.

Во моментов, илјадници млади спортисти се наоѓаат во земјава по повод EYOF – најголемиот спортски настан од ваков тип што се одржал во Македонија досега, според бројот на учесници. Настанот има за цел да промовира спортски дух, соработка и културна размена, но вакви појави фрлаат сенка врз организацијата и капацитетот на дел од сместувањата.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo