ПРВ.мк
Свет

Русија под опсада: Соборени 33 украински дронови – тројца повредени во серија ноќни напади!

Русија под опсада: Соборени 33 украински дронови – тројца повредени во серија ноќни напади!
Escape

Во текот на изминатата ноќ, руската воздушна одбрана собори 33 украински дронови над неколку различни региони во земјата, соопштија денеска руските власти.

Според првичните информации, нападите се случиле над шест региони, вклучувајќи и Ростовската област, каде што тројца цивили се повредени поради директен удар на дрон.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нападите биле одбиени навремено, но дел од дроновите успеале да стигнат до населени места, каде предизвикале материјална штета и расправии за ефикасноста на воздушната одбрана во некои делови од југозападна Русија.

Информациите доаѓаат во период на зголемена тензија и чести дрон-напади од украинска страна, особено врз логистички и воени цели на руската територија.

Локалните власти во Ростов потврдија дека повредените лица се вневедени во болница, но не се наоѓаат во животна опасност.

Mia Home Mavrovo