ПРВ.мк
Свет

Москва се закани: Ќе нападнеме секоја држава што ѝ помага на Украина!

Москва се закани: Ќе нападнеме секоја држава што ѝ помага на Украина!
Escape

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, порача дека Русија го задржува правото да користи оружје против држави кои ѝ овозможуваат на Украина да напаѓа со далекусежно оружје на руска територија.

„Ќе одговориме решително ако конфликтот дополнително ескалира“, рече Захарова на прес-конференција, пренесе „Риа Новости“.

Таа нагласи дека ракетите со долг дострел не се користат самостојно од Украина, туку со директно учество на воени експерти од земјите што ги произведуваат тие системи.

Посебно ја спомена Германија, посочувајќи дека нејзиниот воен персонал учествува во планирање и изведување на операции со ракетни системи „Бак“ и нивни модификации против Русија.

„Во суштина, германскиот воен персонал ќе биде директно инволвиран во напади врз Русија ако овие системи се користат“, додаде Захарова.

Mia Home Mavrovo