ПРВ.мк
Македонија

Украл пушка, пукал кон деца и се обидел да убие полицајци – приведен 29-годишен насилник!

Украл пушка, пукал кон деца и се обидел да убие полицајци – приведен 29-годишен насилник!
Escape

29-годишен маж од селото Ангелци, општина Василево, е уапсен по неколкудневен терор во битолскиот регион, каде извршил серија на кривични дела, вклучително и два обида за убиство, тешки кражби и напад врз полиција.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот Г.П. во периодот од 2 до 7 јули прво провалил во две викенд куќи во село Крклино, каде што не украл ништо, но предизвикал материјална штета.

Неговата следна дестинација била селото Долно Српци (општина Могила), каде насилно влегол во приватна куќа и од таму украл ловечка пушка од 16 мм и две туби со гориво.

На 7 јули, вооружен со украдената пушка, пукал кон тројца лица, меѓу кои еден 22-годишник и двајца малолетници на возраст од 15 и 16 години, предизвикувајќи паника во селото.

Потоа, на влезот од село Вашарејца, се обидел да пука и кон полициски службеници. Нападот не бил успешен бидејќи оружјето не испукало, а полицајците реагирале и го погодиле во ногата, по што го привеле на лице место.

Против него е поднесена кривична пријава за:

  • две обиди за убиство
  • три тешки кражби
  • недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи

Овој случај предизвика сериозна загриженост кај жителите во регионот, но и повик до институциите да преземат поинтензивни мерки против нелегалното оружје и безбедносните закани во руралните подрачја.

Mia Home Mavrovo