ПРВ.мк
Македонија

Мицкоски удри по нелегалната градба: „Кој и да е – нема заштита!“

Мицкоски удри по нелегалната градба: „Кој и да е – нема заштита!“
Escape

Премиерот Христијан Мицкоски во синоќешното интервју на Канал 5 јасно порача дека државата нема да штити никого кој го крши законот, особено кога станува збор за дивоградбите. Тој нагласи дека Владата води принципиелна и бескомпромисна политика, која граѓаните веќе ја препознаваат и поддржуваат.

– Никој нема да биде заштитен, кој и да е и што и да е, ако сторил кривично дело. Тоа сум го кажувал многу пати досега – изјави премиерот.

Според него, надлежноста во вакви случаи ја има Обвинителството, а Министерството за внатрешни работи постапува по нивно барање. Тој потврди дека не станува збор само за општината Чаир, туку дека се работи и на други случаи низ државата.

– МВР постапува каде што има пријава. Не се работи само за еден случај или една општина. Сите што се огрешиле, ќе одговараат – истакна Мицкоски.

Контекстот за оваа изјава доаѓа по последниот потег на градоначалничката Данела Арсовска, која поднесе кривична пријава против градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, и неколку вработени, поради наводно користење фалсификувана деловодна книга за легализација на дивоградби.

Премиерот заврши со став дека секој што има амбиција спротивна на борбата против корупцијата не може да биде дел од неговиот тим.

Mia Home Mavrovo