ПРВ.мк
Македонија

Македонија на удар на топлотен бран – Лекари со итни предупредувања, температурите одат до 41°C

Македонија на удар на топлотен бран – Лекари со итни предупредувања, температурите одат до 41°C
Escape

Министерството за здравство денеска алармира: следуваат пеколни горештини од 20 до 24 јули, со температури што на места ќе достигнат дури 41 степен! Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, земјава влегува во екстремен топлотен бран кој може сериозно да го загрози здравјето на граѓаните – особено на најранливите категории.

Од Министерството излегоа со конкретни и строги препораки за заштита, повикувајќи граѓаните да ги почитуваат во целост:

  • Престојувајте во затворени и разладени простории, особено меѓу 11 и 17 часот
  • Внесувајте доволно течности, избегнувајте алкохол и засладени пијалоци
  • Носете лесна, светла облека и користете капи и очила за сонце
  • Избегнувајте физички напор во најтоплите часови
  • Грижете се за децата, старите лица, бремените жени и хронично болните
  • Одложете активности на отворено и обезбедете разладени простории дома и на работа (температура до 25°C)
  • Доколку почувствувате симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзано чукање на срцето – веднаш побарајте лекарска помош

Надлежните институции најавуваат дека состојбата ќе се следи внимателно и дневно ќе се проценуваат ризиците. Апелот е сериозен – заштитете се навреме, бидејќи топлотниот бран што доаѓа не е шега.

Mia Home Mavrovo