ПРВ.мк
Свет

На работ на глобален судир? Британскиот премиер најави можна копнена интервенција во Украина!

На работ на глобален судир? Британскиот премиер најави можна копнена интервенција во Украина!
Escape

Светот во неизвесност по шокантната најава од Лондон! Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека се разгледува опција за испраќање копнени трупи во Украина, во рамки на поширока стратегија за поддршка на Киев и притисок врз Москва.

На заедничка прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во британската престолнина, Стармер откри дека „воените планови се веќе разработени и спремни за акција“, при што се споменуваат и копнени и поморски операции како дел од можната интернационална интервенција.

„Наш приоритет е Путин да се донесе на преговарачка маса и да се обезбеди безусловен прекин на огнот“, рече Стармер, нагласувајќи дека санкциите ќе продолжат да бидат клучен инструмент за притисок.

Премиерот јасно стави до знаење дека военото планирање не смее да чека додека да започне примирје, бидејќи командната структура веќе е воспоставена, што значи дека операциите би можеле да бидат активирани во секој момент.

📍 Според него, безбедноста на Европа започнува во Украина, и поради тоа Велика Британија, заедно со Германија, САД и другите сојузници, подготвува нов масивен пакет воена помош за украинската армија.

🖊️ Историски потпис: Кенсингтонски договор

Во рамки на средбата, Стармер и Мерц потпишаа билатерален стратешки договор, познат како Кенсингтонски договор, кој предвидува:

  • засилена одбранбена соработка
  • координација во индустриски и научни проекти
  • заеднички пристап во борбата против илегалната миграција

Канцеларот Мерц, иако изрази жалење за Брегзит, порача дека „европското единство е поважно од кога било“, особено поради „руската закана што ја нарушува европската безбедносна рамнотежа

Mia Home Mavrovo